Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора (ФОТО)

Надгробната плоча на британската кралица Елизабета Втора вчера беше официјално откриена, со фотографија објавена од Бакингемската палата, пет дена по нејзиниот погреб во замокот Виндзор.

Елизабета Втора беше погребена во гробницата Џорџ Шести, именувана по таткото на кралицата, кој почина во 1952 година. Во таа гробница се посмртните останки на нејзините родители и на принцот Филип, сопругот на Елизабета, кој почина во 2021 година.

Во таа гробница се наоѓа и урната на нејзината сестра Маргарет.

Споменикот на кралицата е направен од рачно делкан белгиски црн мермер со вметнати месингани букви, „за да се усогласи со другите споменици во гробницата“, соопшти Бакингемската палата.

Елизабета Втора (96) почина на 8 септември во Шкотска по повеќе од 70 години владеење. Таа беше погребена на 19 септември. Новиот крал е Чарлс III, нејзиниот најстар син.

 

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе