Официјални резултати: Макрон освои 58,5 отсто од гласовите

Според официјалните резултати од вториот круг на претседателските избори одржани во неделата, досегашниот претседател на Франција, центристот Емануел Макрон, освои 58,54 отсто гласови, пренесе парискиот весник Фигаро.

Фото: ЕПА

За Макрон гласаа 18 милиони и 779.641 Француз, додека неговата противничка, лидерката на екстремната десница Марин ле Пен освои 41,46 гласа, односно 13 милиони и 297.760 запишани избирачи.

На вториот круг на изборите излегоа 71,99 отсто Французи, или 35 милиони 96.391 гласач.

Во Франција сега наголемо се спомнуваат парламентарните избори закажани во два круга, на 12 и на 19 јуни, а набргу се очекува и нов состав на владата, која Макрон ја посакува пред парламентарните избори. 

Во медиумите се споменува дека таа влада ќе има само десет до петнаесет министри.  Не се знае кој ќе биде новиот премиер, откако Жан Кастекс најави оставка, а како причина за можната оставка наведе дека тој е еден од тие што мислат дека е потребен нов импулс по повторниот избор на Макрон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе