Официјални лица: Новиот руски генерал во Украина е контроверзен дури и по руски стандарди

Заземањето на градот Лисичанск од страна на Русија значи дека Москва постигна „вистински напредок“, додека нејзините сили на југ покажаа знаци на подобра соработка, рекле за Гардијан неименувани западни претставници.

Фото: ЕПА

Еден функционер рекол дека „останува многу неизвесно дали Русија ќе ги обезбеди границите на регионот Доњецк оваа година“.

Русија направи „некои значајни промени во командата“ во последниве недели, рече еден официјален претставник, а тука особено се истакнува неодамна назначениот генерал Сергеј Суровикин, кој ја презел командата на јужната група, која ја надгледува окупацијата на јужна Украина и напредувањето во Донбас од југ.

„Тој е контроверзна личност дури и според стандардите на руските генерални офицери. Не е јасно дали неговото влијание довело до неодамнешните успеси околу Лисичанск, но секако имаше подобра соработка меѓу групите на руската страна отколку што видовме во претходните фази на војната“, рече тој.

Има „многу сериозни проблеми“ со резервите на руската муниција и моралот, рече официјалниот претставник, додека системите за оружје со долг дострел почнуваат да прават „значителна оперативна разлика за Украина“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе