Одобрувањето на вакцините е се поблиску. Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте имале коронавирус

Американските здравствени власти следната недела ќе одржат итен состанок на кој, како што се очекува, треба да се препорача вакцината за коронавирус, која чека одобрување, прво да им се даде на здравствените работници и луѓето во установи за долготрајна нега.

Фото: ЕПА

Состанок најавен во петокот од страна на одборот за имунизација при Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) сугерира дека Администрацијата за храна и лекови (ФДА) може да биде близу до одобрување на дистрибуција на долгоочекуваната вакцина, барем за групите што се сметаат за најранливи.

Советодавниот одбор на ЦДЦ за имунизација ќе гласа во вторник за да препорача ФДА да им овозможи на здравствените работници и установите за долготрајна нега да бидат првите две групи што ќе добијат првични залихи на вакцина, рече портпаролката на ЦДЦ.

Зелено светло за секоја вакцина би била добредојдена вест за Американците, на кои политичките лидери им наметнаа сè поагресивни мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Американците кои веќе се уморни од осум месеци блокади ја започнаа празничната сезона во петокот под притисок да останат дома, да избегнуваат собири и да го намалат божиќниот шопинг.

Ден откако во државата тивко е прославен Денот на благодарноста, во продавниците на кои им се наметнати строги правила против ковид-19 имало помалку клиенти за традиционалниот Црн петок.

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советува Американците кои веќе имале коронавирус - или претпоставуваат дека го имале – сепак да се вакцинираат штом вакцината ќе биде достапна.

Долгогодишниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести изјави дека нема причина да се верува дека вакцината може да им наштети на оние кои веќе имале ковид-19. „Не мислам дека тоа треба да биде причина за загриженост“, рече Фаучи, охрабрувајќи ги Американците да се вакцинираат кога вакцината ќе биде подготвена.

Двата производители, Фајзер и Модерна, ги завршија клиничките испитувања и тврдат дека нивните вакцини имаат ефикасност поголема од 90 проценти. Фајзер поднесе барање за регистрација на својата вакцина, која може да биде одобрена од Администрацијата за храна и лекови (ФДА) веќе во првата половина на декември.

„Конечната одлука ќе зависи од проценката на ФДА... но мислам дека е многу веројатно дека нема да има ограничувања за вакцинирање на оние кои имаат докази дека веќе биле заразени“, рече Фаучи.

Научниците сè уште не се сигурни колку ќе трае имунитетот на луѓето кои ја преболеле заразата, а исто така не е познато колку долго ќе трае заштитата по вакцинирањето. Многу епидемиолози веруваат дека вакцината за коронавирус најверојатно ќе бара редовно годишно вакцинирање, како што е вакцината против сезонскиот грип, но сè уште не е познато дали вакцината ќе биде ефективна толку долго.

„Не можеме да зборуваме за тоа со сигурност. Ковид-19 постои помалку од една година, така што е невозможно да се каже дека вакцината ќе обезбеди заштита повеќе од една година. Невозможно е затоа што никој за кој знаеме дека не бил заразен пред повеќе од една година“, рече Фаучи, додавајќи дека сè уште можеме да направиме некои предвидувања засновани врз однесувањето на слични коронавируси. Епидемијата на САРС, која избувна во 2002 година, покажа дека поединци се имуни на нова инфекција повеќе од една година, но нивниот имунитет кон болеста слабеел со текот на времето.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе