Одметнатиот грузиски регион го откажа референдумот за приклучување кон Русија

Одметната грузиска покраина Јужна Осетија го откажа планираниот референдум за приклучување кон Русија. Референдумот го свика поранешниот покраински водач Анатолиј Бибилов, за кој многумина веруваат дека тоа го направил за да си осигури реизбор. Сепак, Бибилов на претседателските избори во мај беше поразен од неговиот противкандидат Алан Гаглоев.

Фото: ЕПА

Гаглоев го критикуваше референдумот, нарекувајќи го преуранет, и покрај тоа што ја изрази својата поддршка за идејата Јужна Осетија некогаш да ѝ се приклучи на Русија. Москва исто така смета дека не е добро време за референдум поради напнатата ситуација во светот поради инвазијата на Украина.

Откако победи на изборите, Гаглоев ја посочи својата намера да се консултира со Москва за интеграцијата на Јужна Осетија со Русија и најави патување во Москва во блиска иднина. Одлуката за референдумот што ја донесе Бибилов во меѓувреме е откажана.

Провинцијата Јужна Осетија, со само 50.000 жители, се отцепи од Грузија во почетокот на 1990-тите во крвавата граѓанска војна. Во 2008 година, по кратката војна против Грузија, Русија ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија, друга одметничка провинција, која номинално е дел од Грузија.

И двете покраини во голема мера зависат од Русија политички, финансиски, економски и воено. Сепак, за разлика од Јужна Осетија, Абхазија истакна дека нема намера да стане дел од Руската Федерација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе