По спорот околу одлуката на Канбера

Одложени разговорите за слободна трговија на ЕУ и Австралија поради спорот околу подморниците

Новата рунда преговори на Европската Унија и Австралија за слободна трговија е одложена по спорот околу одлуката на Канбера да го откаже вредниот договор за набавка на подморници од Франција.

EPA-EFE

Портпаролката на Европската комисија Миријам Гарсија Ферер ја потврди денес одлуката за одложувањето, но не даде конкретна причина.

ЕУ ги почна преговорите за трговски договор со Австралија во 2018 година, а 12-тата рунда преговори требаше да биде одржана подоцна месецов преку видео-линк.

Австралискиот премиер Скот Морисон го откажа минатиот месец договорот за набавка на 12 конвенционални подморници вреден 90 милијарди австралиски долари, склучен во 2016 со француската државна Навал групација, откако Австралија склучи пакт со САД и Британија, кој вклучува и испорака на американски подморници на нуклеарен погон.

Тој потег не само што ја разгневи Франција туку предизвика и критики на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Франција ги обвини САД и Австралија за предавство поради откажаниот договор и тајното преговарање на трилатералниот сојуз, потоа ги отповика своите амбасадори од Вашингтон и Канбера. Францускиот амбасадор во меѓувреме се врати во САД но сè уште нема ни збор кога амбасадорот ќе се врати во Австралија.

Европската Унија беше трет најголем трговски партнер на Австралија во 2020 година, зад Кина и Јапонија, а пред САД, според податоците на ЕУ.

ЕУ функционер запознаен со ова прашање кажа дека спорот околу подморниците директно влијаел врз одлуката за преговорите, но укажа дека во секој случај трговскиот договор сè уште не бил спремен да биде склучен.

Додал и дека одложувањето не значи крај на преговорите и изразил уверување дека двете страни ќе продолжат да работат на постигнување договор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе