Одговор на Русија и Кина: САД размислуваат за прва нуклеарна проба по речиси три децении

Администрацијата на Трамп минатата недела разгледуваше дали да спроведе нуклеарно тестирање за прв пат по 28 години, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на висок функционер и двајца поранешни официјални лица запознаени со ова прашање.

Фото: ЕПА

Прашањето е покренато на состанок на раководителите на националните безбедносни служби на САД, по обвинувањата од Белата куќа дека Русија и Кина спроведуваат нуклеарни проби со слаб интензитет.

Конечна одлука по ова прашање не била донесена на состанокот, но учесниците биле согласни на заканите од Русија и Кина да се одговори со други мерки, а американските нуклеарни проби засега да не се прават.

Досега, никој од американските официјални лица не бил достапен за подетални коментари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе