За воено злосторство

Од доживотна на 15 години: на првиот руски војник осуден во Украина му е намалена казната

Апелациониот суд во Киев соопшти дека му ја намалил казната на 21-годишниот руски војник Вадим Шишимарин.

На 23 мај Шишимарин беше осуден на доживотен затвор на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија, а Апелациониот суд му ја намали казната на 15 години затвор.

Тој на судењето се изјасни за виновен.

Рускиот војник беше прогласен за виновен за убиство на 62-годишен цивил додека служел во руската армија во раните денови од војната.

Шишимарин беше обвинет за убиство со предумисла и заговор.

Апелациониот суд во Киев објави дека судот го отфрлил обвинението за намерен заговор.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе