Објавено какво сè оружје Украина бара од Западот

Во Брисел се одржува средба на министрите за одбрана на НАТО членките, со која претседава американскиот министер за одбрана Лојд Остин. Состанокот е посветен на воената помош на Киев по новиот бран силни руски напади, а американските медиуми јавуваат какво сè оружје Украина бара за да има шанса да се одбрани.

EPA-EFE

Украинските приоритети, според листата претставена на средбата, се повеќецевни ракетни фрлачи, артилериски оружја и системи за противвоздушна одбрана.

Министрите за одбрана на НАТО членките расправаат за оружјето кое го бара Киев, односно како членките на западниот воен пакт можат да ѝ помогнат на Украина во војната.

Што се однесува до повеќецевните ракетни фрлачи, на украинската листа е наведено дека на Украина ѝ се потребни „дополнителни ракетни системи по НАТО стандарди и муниција за нив“. Што се однесува до артилеријата, на листата е наведено дека на Киев му треба уште муниција за статични и самоодни хаубици, нестандардни хаубици и „големи количества гранати од 155, 152 и 122 милиметри“.

Третиот приоритет е противвоздушната одбрана. Конкретно, Киев бара проектили за системи за противвоздушна одбрана од среден дострел кои во моментов ги користи, С-300 и С-11. На листата е наведено и дека Украина „сака да премине на западните системи на противвоздушна одбрана кои нудат заштита во повеќе слоеви“, а бара и да ѝ се достават системи за противвоздушна одбрана со краток дострел од советско време.

Украина веќе некое време бара повеќе системи за противвоздушна одбрана, а потребата за таквите системи никогаш не била поголема бидејќи Русија успешно користи ирански дронови камикази. Други украински приоритети се радари, системи за одбрана на брегови, тенкови и опрема за електронско војување, наведува Си-ен-ен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе