„Претходно беше целосно здрава“

Објавени деталите за необичната болест кај волонтерката за вакцината на Астра зенека

Во документот се вели дека по независно испитување е утврдено дека оваа болест или најверојатно не е поврзана со вакцината, или нема доволно докази за со сигурност да се утврди дали болеста е поврзана со вакцината.

Фото: ЕПА

Си-ен-ен добил внатрешен извештај од фармацевтската компанија Астра зенека, кој дава подетални информации за невролошката состојба што ја добила испитаничката во клиничкото испитување на вакцината против коронавирус на компанијата.

Извештајот детално открива како волонтерката, претходно здрава 37-годишна жена, „добила трансверзален миелитис“ откако ја примила втората доза од вакцината и била хоспитализирана на 5 септември.

Во документот, кој е означен како „прелиминарен извештај“, се наведува дека учесничката во клиничкото испитување по примањето на втората доза имала тешкотии при одењето, чувствувала слабост и болка во рацете и други симптоми.

Извештајот, напишан на 10 септември, следниот ден бил испратен до лекарите што го вршат клиничкото тестирање.

Минатата недела Астра зенека извести за „необјаснива болест“ на волонтерка во студијата и рече дека привремено ги прекинува клиничките испитувања. Тестирањето беше повторно почнато во саботата во Велика Британија, но не и во САД.

Четиринаесет дена по примањето на втората доза од вакцината, жената, која живее во Велика Британија, „доби попречен миелитис“, со симптоми како потешкотии при одење, болка и слабост, се вели во извештајот.

Откако експертите ја испитале состојбата на пациентката, било одобрено да се продолжи со тестирање на вакцината во Велика Британија и Бразил, вели Си-ен-ен.

 

Првиот симптом - се сопнала додека трчала

Според извештајот на Астра зенека, пациентката ја примила својата прва доза на вакцината против коронавирусот во почетокот на јуни и немала несакани ефекти. Втората доза ја добила кон крајот на август, а на 2 септември се сопнала додека трчала.

Следниот ден таа развила симптоми што вклучуваат тешкотии при одење, болка и слабост на рацете, болка и намален осет кај торзото, главоболки и намалена способност да ги користи рацете, па на 5 септември била хоспитализирана.

Во извештајот се наведува и дека 37-годишната жена посетила невролог што изјавил дека пациентката немала невролошки симптоми или хронични болести во минатото. Но се додава дека засега има „ограничени информации за релевантната медицинска историја на субјектот“.

Според извештајот, нема ниту еден друг дијагностициран сличен случај меѓу другите волонтери на студијата, а според последните информации, неврологот рекол дека пациентката почнала да се чувствува подобро.

Во документот понатаму се вели „дека по независно испитување е утврдено дека оваа болест или најверојатно не е поврзана со вакцината или нема доволно докази за со сигурност да се утврди дали болеста е поврзана со вакцината“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе