Објавени детали од падот на српскиот авион, пилотите ги фрлиле резервоарите со гориво за да не го запалат селото

Објавени се причините за падот на српскиот воен авион МиГ-21 кој во петокот се урна во селото Брасина кај Мали Зворник. Загинаа двајцата пилоти, 49-годишниот Дејан Крсник и шест години помладиот Звонко Васиљевиќ.

EPA-EFE

За нив кобни биле малата висина, меѓу 200 и 400 метри, и ризичниот маневар со авионот. Пилотите при падот ги отфрлиле резервоарите со гориво и направиле очајнички маневар за да избегнат пад врз куќите. Со тоа практично ги жртвувале своите животи за да ги спаст луѓето на тлото.

За време на увидот бил најден и уредот за бележење на параметрите на летот на авионот, сличен на црните кутии од патничките авиони, само што не ја бележи комуникацијата со пилотите. Уредот не претрпел значителни оштетувања па вештаците ќе можат да ги утврдат точната брзина и висина на авионот непосредно пред падот.

Првите резултати покажуваат дека авионот во критичниот момент летал меѓу 200 и 400 метри височина, изјавил анонимен извор за Курир.

„Мигот“ утрото околу 9 часот полетал од воениот аеродром во Батајница и тргнал кон Долна Борина, родното село на загинатиот капетан Васиљевиќ, кое се наоѓа веднаш покрај Брасина.

„Васиљевиќ со прелетувањето преку родното село сакал да ги поздрави роднините и соседите. Два пати тој и Красник ја надлетале Долна Борина, а потоа направиле маневар при кој ја загубиле погонската сила, пто значи дека повеќе не можеле да се вивнат во воздух. Важно е да се истакне дека тие борбени маневри се исклучително опасни на мали висини. Кога виделе дека уривањето е неизбежно, пилотите ги отфрлиле резервоарите со гориво за при падот да не предизвикаат пожар кој би го запалил селото. Истовремено го свртеле авионот за да го прелета и соседното село Брасина и се урнале во нива. Може да се каже дека пилотите загинале за да ги спасат луѓето на тлото“, заклучил изворот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе