Напаѓачот се криел зад заложничката

Објавена снимката од нападот на парискиот аеродром Орли (ВИДЕО)

Светските агенции ја објавија снимката од нападот на аеродромот Орли во Париз, направена од безбедносните камери, на која се гледа како напаѓачот фрла торба и ја грабнува војничката одзади, обидувајќи се на сила да ѝ ја одземе пушката.

На видеото, објавено од Асошиејтед прес, се гледа како напаѓачот Зиед бен Белгацем ја фрла торбата, во која властите соопштија дека имало канта со бензин, пред да ја нападне војничката. Тој ја влече наназад држејќи ѝ воздушен пиштол вперен во главата.

Во првите моменти никој не реагира. Набрзо, сепак, луѓето почнуваат да се повлекуваат откако напаѓачот почнува да се движи со заложничката кон нив.

Париски обвинител соопшти дека Белгацем викал дека сака да убие и да умре за Алах. 39-годишниот Французин со туниско потекло беше застрелан и убиен од војници на аеродромскиот терминал.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе