Објавена нова снимка од смртоносното апсење во САД, полицијата лажела (ВИДЕО)

Се појави нова снимка од бруталното апсење на црномурестиот маж во Минеаполис, кој потоа умре во притвор.

EPA-EFE/TANNEN MAURY

На снимката која ја објави Си-би-ес њуз се гледа апсењето на Џорџ Флојд откако полицаецот Дерек Чаувин со колено му го притискал вратот речиси пет минути.

Јасно се гледа дека Флојд не им пружал отпор на полицајците, како што соопшти портпаролот на полицијата на Минеаполис.

Полицаецот му го држел коленото на вратот речиси пет минути, иако Флојд се жалел дека не може да дише.

„Не ме убивајте, ве молам, не можам да дишам“, кажувал Флојд.

Поради неговата смрт две вечери по ред демонстранти се собираат на улиците во Минеаполис и бараат правда за неговата смрт.

Во текот на ноќта избија и судири во кои демонстрантите запалија продавница за автомобилски делови и демолираа друга продавница во близина на Третата полициска станица во која работеле четворицата полицајци кои учествувале во апсењето на Флојд.

Безбедносните сили се судрија со толпата гневни граѓани на вториот ден од протестите поради тоа што на првиот ден, во вторникот, беа искршени прозорци на полициската станица, па полицијата беше приморана да употреби солзавец и гумени куршуми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе