Поради близок контакт на купувач со лице заразено со коронавирус

Обезбедувањето се обидело да ги затвори купувачите во Икеа во Шангај, луѓето ја пробиле вратата (ВИДЕО)

Во продавница на Икеа во Шангај, камерите забележале хаотични сцени на купувачи кои се обидуваат да избегаат додека обезбедувањето се обидува да ги затвори во карантин. Ненадејното затворање на продавницата на Икеа се должи на близок контакт на еден купувач со шестгодишно момче за кое е потврдено дека има коронавирус, јавува Си-ен-ен.

Фото: скриншот

Здравствените власти имале намера да ја заклучат продавницата во деловната градска област, бидејќи еден близок контакт на лице заразено со ковид бил лоциран во продавницата на Икеа.

Повеќе видеа, објавени на социјалните мрежи, покажуваат како купувачите викаат и се туркаат во обид да избегаат од објектот пред да се затворат вратите.

Претставник на здравствените власти во Шангај, Жао Дандан на прес-конференцијата одржана во неделата рече дека малопродажниот објект и „погодената област“ ќе бидат „во обрач“ во следните два дена, а луѓето од „обрачот“ мора да одат во дво-дневен карантин во државните институции и да се подложни на петдневен здравствен надзор.

Властите во понеделникот известија за шест локално пренесени случаи на ковид-19 во Шангај, од кои пет биле асимптоматски.

Продавницата на Икеа во Шангај беше привремено затворена во неделата и понеделникот, во согласност со мерките за превенција.

Шангај, финансиската престолнина на Кина со 25 милиони луѓе, беше затворена два месеци претходно оваа година што доведе до големо разочарување на јавноста, која се соочи со тешкотии во набавките на основните потреби, вклучително и храна и лекови.

Карантинот беше наметнат со строгата кинеска политика на нулта толеранција на ковид, која се заснова на масовно тестирање, долги периоди на карантин и затворање цели градови за да се спречи повторна појава на вирусот.

Потпирајќи се на мобилната технологија и големи количини на податоци, кинеската власт користи систем „здравствен код“ за да го контролира движењето на граѓаните и да го спречи ширењето на вирусот.

Жителите на многу кинески градови мора да покажат зелен Кју-ар код за да се возат во јавен превоз или да влезат во трговски центри, спортски сали и ресторани. Системот ја евидентира локацијата на граѓаните и нивниот контакт со потврден случај на ковид-19. Оние чиј код станува црвен речиси сигурно се принудени во карантин во за тоа наменети институции.

Минатата недела, повеќе од 80.000 туристи беа ставени во карантин во популарното одморалиште на островот Хаинан.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе