Поранешниот претседател на САД

Обама првпат во живо на митинг за изборната кампања на Џо Бајден

Поранешниот претседател на САД Џо Бајден денес се враќа во Филаделфија, каде што првпат ќе учествува во живо во предизборната кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.

EPA-EFE

Обама, познат како еден од најсилните говорници на Демократската партија во 2016, исто така во Филаделфија, зборуваше за тогашната демократска кандидатка за претседател Хилари Клинтон, ден пред изборите на митинг на кој присуствуваа илјадници луѓе.

Овој пат, поради коронавирусот, Обама ќе зборува пред многу помал број луѓе на собир на кој поддржувачите ќе го слушаат од своите автомобили, преку радио.

Со тоа укажуваат на големиот контраст со претседателот Доналд Трамп и републиканците во ставот кон коронавирусот.

Иако Обама е еден од говорниците на демократите кој привлекува најголем број луѓе, годинешниот формат ќе влијае тоа влијание да се намали.

Демократите сепак сметаат дека Обама како еден од оние кои најдобро го познаваат Бајден, како негов поранешен партнер во Белата куќа и лично, останува еден од најголемите адути на партијата во последните денови на кампањата.

Пристигнувањето на Обама во Филаделфија укажува на значењето на американската држава Пенсилванија, една од клучните неопределени сојузни држави, која Бајден најмногу ја посетуваше за време на оваа кампања.

Ако Трамп изгуби во таа држава неговиот пат кон победата значително ќе се стесни.

Демократите сметаат и дека појавувањето на Обама во Филаделфија ќе помогне да се поттикнат нивните гласачи кои не излегоа на минатите избори, како и гласачите во Филаделфија кои го поддржаа Обама во 2008 и 2012, но се префрлија на Трамп во 2016 година.

„Мислам дека тој помага луѓе да се потсетат што е влогот, што значи да се биде претседател и какви би можеле да бидат нештата“, кажа градоначалникот на Филаделфија Мајкл Натер.

Обама веќе помагаше во кампањата на Бајден, прилагодувајќи се на префрлањето на виртуелни настани и фокусирајќи се на помладите гласачи кои ги убедува да гласаат.

Се појавуваше на нетрадиционалните платформи како Твич, платформата за видео игри, на Снепчет и други.

Тој се појави и на два поткасти кои ги водат негови поранешни асистенти и потпиша текстови и мејлови во кои поддржувачите на демократите се охрабруваат да излезат и да гласаат и да донираат средства на кампањата.

Обама привлече и доста средства за кампањата, учествуваше во два виртуелни настани за собирање средства со сенаторката Камала Харис месецов и во повеќе такви настани претходно.

На виртуелен настан за собирање средства во јуни заедно со Бајден беа собрани 7,6 милиони долари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе