ВО ЕМОТИВНИОТ ПРОШТАЛЕН ГОВОР

Обама: Промените доаѓаат кога обичните луѓе ќе се здружат и ќе го побараат тоа (ВИДЕО)

Прошталниот говор на американскиот претседател Барак Обама синоќа во Чикаго имаше оптимистичен, но мрачен тон, додека тој зборуваше пред истата огромна маса луѓе во истиот град што експлодираа во екстатична прослава по неговата историска победа во 2008 година.

Последниот говор на Обама како претседател помалку беше рецитирање на достигнувањата, а повеќе уверување во стабилната иднина.

„Драги мои Американци, Мишел и јас бевме трогнати од убавите желби што ги добивме во последниве неколку недели. Но вечерва мене ми е ред да кажам благодарам“, рече Обама пред илјадниците поддржувачи.

„Бинава вечерва ја напуштам дури и пооптимистичен отколку кога почнав“, рече Обама. „Вие го сменивте светот. Токму така.“

Иако спомена и некои од своите достигнувања, голем дел од својот проштален говор посвети на предупредување на многуте пречки што претстојат за САД. Без да го спомене новоизбраниот претседател Доналд Трамп по име, Обама предупреди на растечките економски поделби и расната поделба, како и на „слабеењето на вредностите што нè прават тоа што сме“.

„Токму затоа јас ја отфрлам дискриминацијата врз американските муслимани“, рече тој, проследен со голем аплауз од толпата. „Токму затоа ние не можеме да се повлечеме од глобалните борби - да ги шириме демократијата и човековите права, правата на жените, правата на ЛГБТ - без оглед колку се несовршени нашите напори, без оглед колку може да се чини соодветно игнорирањето на таквите вредности“, рече тој.

Тој, исто така, ги повика граѓаните да се борат против растечката плима на пристрасност, жалејќи поради трендот што луѓето стануваат „толку безбедни во нашите меури што почнуваме да ја прифаќаме само информацијата, без разлика дали е точна или не, што одговара на нашите ставови, наместо да ги базираме нашите ставови на доказите“.

Во коментари што се чинеа инспирирани од реториката на поделба што ги карактеризираше претседателските избори, Обама изјави дека компромисот ќе биде невозможен „без вообичаените основни факти, без волјата да се примат нови информации и да се признае дека вашиот противник има добра поента и дека науката и разумот се важни“.

И покрај неизбежните промени и неуспесите на демократите, Обама ги повика граѓаните да не бидат обесхрабрени.

„Појавете се. Впуштете се. Истрајте. Некогаш ќе победите. Некогаш ќе загубите“, рече тој.

„Токму тука јас научив дека промената се случува само кога обичните луѓе ќе се вклучат, ќе се ангажираат и здружено ќе го побараат тоа. По осумте години како ваш претседател, јас сè уште верувам во тоа. И не верувам само јас. Тоа е пулсот на нашата американска идеја - нашиот храбар експеримент во самоуправувањето. Тоа е убедувањето дека сите сме создадени рамноправни, надарени од нашиот творец со неколку неотуѓиви права, меѓу кои се животот, слободата и потрагата по среќа.“

Додека Обама велеше дека му е чест што служел како претседател, дури борејќи се со солзите во текот на говорот, публиката се потруди да покаже дека чувството е заедничко, па извикуваше: „Уште четири години!“

Обама одговори со широка насмевка и едноставно рече: „Не можам да го сторам тоа.“

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе

Социјалните медиуми се алатка која овозможува двонасочна комуникација. Тоа е нивната предност,

повеќе