Новиот руски командант за Украина: „Украинците и јас го сакаме истото“

Новиот командант на руските сили во Украина Сергеј Суровикин даде интервју кое го пренесе руската државна агенција ТАСС.

EPA-EFE

Прво беше прашан за загриженоста на руските граѓани за ситуацијата на боиштето денес.

„Генерално, ситуацијата во зоната на специјалната воена операција би можела да се опише како напната. Непријателот не се откажува од обидите да ги нападне позициите на руските трупи. Пред сè, тоа се однесува на насоките Купјанск, Краснолиманскиј и Николаево – Криви Рог. Непријателот е злосторничкиот режим кој ги турка Украинците во смрт. Украинците и јас сме еден народ и го сакаме истото, Украина да биде независна од Западот и НАТО, пријателска држава за Русија“, кажа Суровикин.

„Украинскиот режим се труди да ја пробие нашата одбрана. За тоа да го постигне, оружените сили на Украина ги влечат сите расположливи резерви на првата линија. Главно, станува збор за силите на територијалната одбрана кои не завршиле комплетна обука. Всушност, украинскиот врв ги осудува на пропаст. Таквите единици по правило имаат низок морал. За да спречат бегство од првата линија, украинските власти ги користат одредите националисти кои пукаат во секого кој ќе се обиде да го напушти бојното поле. Секој ден загубите на непријателот се движат од 600 до 1.000 загинати и ранети“, кажа Суровикин.

Тој зборуваше за руската стратегија.

„Ние имаме поинаква стратегија. Врховниот командант веќе зборуваше за тоа. Не тежнееме со високи брзини на напредување, го штитиме секој војник и методично го „мелеме“ непријателот кој напредува. Со тоа не само што се минимизирани загубите, туку значително се намалува и бројот на жртви меѓу цивилното население“, кажа Суровикин.

Кажа дека во овој момент „обединета група сили презема мерки на борбено и бројчано зајакнување на системот и воените единици, создавање дополнителни резерви и опремување на борбените линии и позиции долж целата контакт линија“.

„Продолжуваат ударите со високопрецизно оружје на воените објекти и објектите на инфраструктурата кои влијаат на борбената способност на украинските единици“, кажа рускиот командант за Украина.

„Специјалната воена операција ја потврди ефикасноста на воздухопловните системи и системите за противвоздушна одбрана кои ги имаме во служба. За време на операцијата екипажите на оперативно-тактичкото, военото и воздухопловството со долг дострел извршија над 34 илјади налети. Користеа преку 7 илјади контролирани воздухопловни оружја. Најновите хиперсонични ракети „кинжал“ се докажаа во гаѓањето цели. Ниеден од непријателските системи за противвоздушна одбрана не е проблем за оваа ракета. Стратегиските крстосувачки ракети кои се лансираат од воздух исто така покажаа најголема прецизност“, кажа Суровикин.

Од борбените авиони го истакна Су-57.

„Што се однесува до борбената употреба, особено би го издвоил повеќенаменскиот авион од петтата генерација Су-57. Има широк распон на оружје и во секој налет решава повеќе задачи на погодување воздушни и копнени цели“, кажа рускиот генерал.

Додаде дека беспилотните летала извршиле над 8.000 летала, а јуришните беспилотни летала уништиле над 600 објекти на оружените сили на Украина.

Беше прашан за евакуацијата на населението во Херсонскиот регион.

„Во оваа област ситуацијата е тешка. Непријателот постојано напаѓа инфраструктурни објекти и станбени згради во Херсон. Ракети ХИМАРС го оштетија Антоновскиот мост и браната на хидроцентралата Каховскаја, на кои сообраќајот е прекинат. Поради тоа во градот е отежнато доставувањето на храна, постојат одредени проблеми со снабдувањето со вода и струја. Сето тоа не само што значително им го комплицира животот на граѓаните, туку создава и директна закана за нивните животи“, кажа тој.

Истакна дека НАТО управува со украинските сили.

„Шефовите од НАТО на оружените сили на Украина веќе долго време бараат од киевскиот режим офанзивни акции во насока на Херсон, без оглед на жртвите – и во оружените сили на Украина и меѓу цивилното население. Имаме информации за можноста киевскиот режим да употреби забранети методи на војување во областа на Херсон, дека Киев подготвува голем ракетен напад врз браната на хидроцентралата Каховскаја и голем ракетен и артилериски напад на градот. Овие акции можат да доведат до уништување на инфраструктурата на големиот индустриски центар и големи жртви меѓу населението“, тврди Суровикин.

Кажа дека во тие услови примарна задача на руските сили е „зачувување на животите и здравјето на цивилите“.

„Затоа пред сè руската војска ќе го обезбеди веќе најавеното заминување на населението според програмата за преселување која ја подготвува руската влада. Нашите понатамошни планови и акции во врска со самиот град Херсон ќе зависат од настанатата воено-тактичка ситуација. Повторувам, уште сега е многу тешко. Во секој случај, како што кажав, тргнуваме од потребата максимално да ги зачуваме животите на цивилното население и нашите војници. Ќе дејствуваме свесно, навремено, не исклучувајќи донесување тешки одлуки“, заклучи Суровикин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе