Новинар му постави незгодно прашање на Бајден, американскиот претседател го опцу (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен вчера како на настан во Белата куќа пцуе новинар на Фокс њуз откако репортерот му постави прашање за влијанието на растечката инфлација врз годинешните избори за Конгресот.

EPA-EFE

Додека новинарите излегувале од состанокот на советот за конкуренција на Бајден, дописникот од Белата куќа Питер Дуси довикнал дали може да постави прашање за инфлацијата и дали е тоа политичка одговорност, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Тоа е голема предност, поголемата инфлација“, саркастично одговорил Бајден на вревата на новинарите кои довикувале прашања, очигледно не сфаќајќи дека микрофонот му е сè уште вклучен.

„Колку глупав кучкин син“, додал Бајден.

Потрошувачките цени во САД драстично пораснаа во декември, што резултираше со најголемиот годишен скок на инфлацијата во речиси четири децении.

Меѓутоа, помалку од еден час по инцидентот, Бајден му се јавил на Дуси на мобилен телефон и му објаснил дека коментарот „не бил ништо лично“.

Бајден ја презема функцијата претседател пред една година ветувајќи дека ќе заземе тврд став кон секое непочитување меѓу членовите на неговата администрација, потсетува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе