Нови напади на Харков, убиени цивили (ВИДЕО)

Вториот по големина украински град Харков е на удар на најжестоките напади од почетокот на војната, според британските разузнавачи. Нападите се постојани од почетокот на војната.

Фото: ЕПА

„Повеќекратни ракетни фрлачи и генерално непрецизното оружје предизвикаа уништување во големи делови од градот. Руските сили продолжуваат да вршат локални рации и напади против украинските сили“, објавија тие.

„Тие веројатно се обидуваат да ја принудат Украина да задржи значајни сили на овој фронт, за да ги спречат да бидат ангажирани на други фронтови“, додаваат тие.

Киевскиот независен весник го цитираше градоначалникот Игор Терехов дека руските сили отвориле оган врз три градски области околу 5:44 часот.

Терехов објави дека се погодени областите Киевска, Основјанска и Немишлијанска. Од гранатирањето е оштетена станбена зграда, а се запалила уште една неутврдена зграда.

Украинскиот гувернер на Харковската област, Олех Синехубов, вчера извести за ново гранатирање на градот Харков во четвртокот наутро. „Во моментов има 18 повредени, меѓу кои две деца, едно лице загина“, напиша Синехубов на социјалната мрежа Телеграм. Харков беше под руски оган и во средата, при што во тој напад загинаа шест лица, а 16 беа ранети, според Украинската служба за итни случаи. Претседателот Володимир Зеленски го нарече нападот од средата „лукав и циничен удар врз цивили без никакво оправдување“.

Харков, со население од околу 1,4 милиони според бројките на ОН од 2017 година, се наоѓа блиску до руската граница. Беше погоден и од артилериски оган во вторникот вечерта.

Синехубов рече дека најмалку 17 лица загинале, а 42 се повредени во два одделни неодамнешни руски напади врз градот.

Министерството за одбрана на Русија ги потврди нападите врз градот, а според нивните тврдења, уништена е „привремена база на странски платеници“ и убиени се повеќе од 90 милитанти, пишува „Новаја газета Европа“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе