Нови меѓусебни обвинувања на Русија и Украина за ракетирање на Запорожје

Русија и Украина денеска повторно меѓусебно се обвинуваа дека во последните 24 часа истрелале ракети кон нуклеарната централа Запорожје.

Фото: ЕПА

Руското Министерство за одбрана денеска ги обвини украинските воени сили дека во последните 24 часа три пати го гранатирале комплексот на нуклеарната централа Запорожје.

Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом објави дека Русија го гранатирала комплексот на нуклеарната централа Запорожје, кој е под контрола на Русија.

„Во последните 24 часа руските војници повторно ја гранатираа областа каде што се наоѓа нуклеарната централа Запорожје. Во моментов се утврдува штетата“, објави Енергоатом во соопштението на Телеграм.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на локацијата така што повторно ги поттикна стравувањата од нуклеарна катастрофа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави дека светот за влакно избегнал катастрофа со радијација бидејќи струјата на украинската нуклеарна централа Запорожје била прекината со часови поради руското гранатирање во областа, ова тврдење Москва го демантираше.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе