Нова криза: Британците пред недостиг од алкохол што може да ги заболи повеќе од сè до сега

Рафтовите со алкохол во Британија би можеле за католичкиот Божиќ да останат празни, бидејќи нема доволно возачи кои би го развезувале пијалакот по супермаркетите.

EPA-EFE

Недостигот од алкохол би можел да предизвика сериозни проблеми во Британија, бидејќи истражувањата од 2019 година покажуваат дека дури 54 отсто од Британците консумираат алкохол најмалку една неделно.

Ед Бејкер, генералниот директор на дистрибутерот на вино Кинсленд дринкс, кажа дека неговата компанија полни околу 185 милиони шишиња вино секоја година. Од тоа секое осмо шише се испива во Британија.

„До сега обично имавме меѓу 80 и 100 камиони со кои ги превезувавме вината. Сега функционираат едвај 20. Никогаш не сме имале помалку возачи“, вели Бејкер.

За овој проблем Британското здружение за продажба на вино и други алкохолни пијалаци го известило министерот за сообраќај Грант Шапс.

„Ова е итна ситуација за нашите компании и императив е владата што побрзо да преземе чекори за пред божиќните празници да го реши проблемот со недостигот од возачи“, наведоа од здружението.

Апелираат и на продолжување на визите на возачите од странство.

„Веќе се соочуваме со големи доцнења на испораките на вина и други алкохолни пијалаци, а тоа ги зголемува трошоците и го намалува изборот на купувачите“, наведе Мајлс Биал, извршниот директор на здружението.

Во апелите се придружуваат и здруженијата на фармерите, банкарите, трговците, сопствениците на ресторани и логистичките компании, бидејќи работна сила им фали на сите.

Сепак, британската влада во соопштение кажа дека не очекува тешкотии во снабдувањето со алкохол овој Божиќ.

„Броз реагиравме за да се справиме со предизвиците во снабдувањето, до кои дојде поради тешкотиите на глобално ниво“, кажа портпаролот на владата.

Супермаркетите во Британија веќе со месеци имаат проблем со снабдувањето поради пандемијата и недостигот од работници по брегзитот.

Во моментов во Британија престојуваат и работат околу 5.000 странски државјани, а за ситуацијата да се доведе во нормална состојба потребно е да дојдат уште 100 илјади.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе