Нова анкета: Бајден води пред Трамп

Најверојатниот демократски кандидат на американските претседателски избори Џо Бајден води пред својот противкандидат, актуелниот претседател Доналд Трамп, но поддржувачите на Бајден покажуваат помалку ентузијазам за својот кандидат од тие на Трамп.

Најновото истражување на јавното мислење на мрежата Еј-би-си и Вашингтон пост, чии резултати денес ги пренесе германската агенција ДПА, покажува дека Бајден е пред Трамп со 49 наспроти 47 отсто.

Трамп, меѓутоа, значително ја намали разликата од истражувањето во февруари, кога поранешниот американски потпретседател водеше со 52 наспроти 45 отсто.

Анкетата покажа дека Трамповите поддржувачи покажуваат поголем ентузијазам од тие на Бајден.

Меѓу демократските поддржувачи на Бајден, само 24 отсто покажуваат елан и страст за својот кандидат.

Кога станува збор за економијата, 57 отсто од анкетираните го поддржуваат Трамповиот начин на водење, а актуелниот претседател води пред Бајден  кога станува збор за тоа кој подобро би управувал со економијата.

Трамп и Бајден се изедначени во одговорите на прашањето кој подобро би управувал со кризата со коронавирусот, но Бајден е подобар околу вкупното управување со здравството.

Анкетата е спроведена минатата недела и таа покажува и дека Бајден и понатаму води пред својот демократски противкандидат Берни Сандерс, во момент кога предизборите се нарушени од кризата со вирусот.

Не е јасно дали ентузијазмот кај поддржувачите е клучен за успехот на кандидатите на изборите, но во минатото кандидатите на кои им недостигал ентузијазам на нивното гласачко тело не успевале да победат.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе