Нов Зеланд поради 9 случаи на омикрон ги заостри мерките, премиерката ја откажа свадбата

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Арден ја откажа својата венчавка откако воведе нови епидемиолошки ограничувања соочена со ширењето на омикрон варијантата на ковид-19 во заедницата.

Фото: ЕПА

Нов Зеланд од полноќ во недела воведува правила за маски и ги ограничува собирањата, откако девет позитивни случаи покажаа дека дошло до локален пренос на новата варијанта.

Станува збор за семејство кое се вратило во Нелсон на Јужниот остров откако било на свадба во Окленд на Северниот остров, но и на други настани. Се покажало дека членовите на семејството и стјуардесата од авионот со кој патувале се позитивни.

Островската држава од недела на полноќ ќе ги стави поставките против ширење на новата варијанта на црвено, што значи повеќе носење маски и ограничување на собирите на сто целосно вакцинирани лица во затворени угостителски објекти како што се барови и ресторани и на настани како што се свадби.

Премиерката на прес-конференција рече дека црвено не значи заклучување и дека жителите сепак ќе можат да одат во посета на семејството и пријателите и да патуваат низ земјата.

За својата венчавка таа рече дека нема да се одржи, додавајќи дека жали за секој што доживеал слично сценарио. На прашањето што мисли за откажувањето, таа рече: „Таков е животот“, заклучувајќи дека не се разликува од илјадници други Новозеланѓани кои претрпеле многу потешки последици.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе