Нов скок на заразата во Србија, утре одлука за заострени мерки

Србија денес, веќе втор ден по ред, бележи повеќе од 3.000 новозаразени со коронавирусот, а кризниот штаб навести можност на утрешната седница да ги заостри мерките, што би можело да значи скратување на работното време на угостителските објекти и дополнителна контрола и поостри казни за прекршителите.

EPA-EFE

Штабот на седницата во средата беше поделен меѓу потребите на економијата и обврските кон јавното здравство и одлука немаше, но беше најавено дека дополнителни мерки ќе бидат неопходни.

Здравствениот дел на кризниот штаб смета дека треба да се „пресече“ и пет дена да се затворат сите угостителски локали, додека градските власти во Белград, кој и понатаму е центарот на заразата со повеќе од 1.000 случаи дневно, инсистираат дека тоа ви поттикнало економски, па и социјални проблеми со приходите и бројот на вработени.

Градот Белград е против скратувањето на работното време бидејќи не гледа ни медицински ни економски причини за донесување таква одлука, изјави денес заменик градоначалникот на српската престолнина Горан Весиќ, оценувајќи дека „суштината не е во тоа колку ќе биде работното време туку колку рестораните ги почитуваат епидемиолошките мерки“.

Наглиот скок на бројот на заразени во последните денови се доведува во врска со враќањето на илјадници луѓе од скијање од зимските центри на Копаоник и Златибор, каде кафулињата и рестораните без контрола работат до доцна во ноќта, со многу повеќе гости по вкупната површина на локалите отколку што е дозволено со важечките мерки.

Според денешните податоци, во последните 24 часа коронавирусот во Србија однел уште 15 животи, а меѓу 15.074 тестирани примероци се потврдени 3.588 нови заразени, објави српското министерство за здравство.

Во болниците има 3.832 пациенти заболени од ковид-19, од кои 153 на респиратори.

Србија досега вакцинирала над 1,2 милиони луѓе, од кои 400.000 добиле и втора доза од вакцините.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе