Сменет кардинал обвинет за кражба на стотици илјади евра

Нов скандал во Ватикан: кражба и поткупување сведоци

Додека папата Франциско се обидува на верниците да им испрати порака за братска љубов, сменетиот влијателен кардинал Џовани Анџело Бечу е обвинет дека украл стотици илјади евра од ватиканските фондови за да поткупи сведоци за да се обезбеди дека друг кардинал, кој се обидел да ги разоткрие неговите матни зделки, ќе биде осуден за сексуално малтретирање, јавуваат светските медиуми.

EPA-EFE

72-годишниот кардинал Бечу е обвинет дека украл 700.000 евра од ватиканските фондови за да ги поткупи сведоците во Австралија за негативно да сведочат против неговиот ривал кардиналот Џорџ Пел за да обезбеди тој да биде осуден за сексуално злоставување, јавуваат италијанските медиуми.

79-годишниот кардинал Пел пред враќањето во Австралија во 2017, каде е осуден за злоставување момче од хорот во Мелбурн во 90-тите години а потоа беше ослободен во жалбената постапка, беше министер за финансии во Ватикан, каде на неговите обиди да се исчисти матното управување со парите се противел кардиналот Бечу.

Цитирајќи протечени документи, италијанските весници Република и Кориере дела сера известија за време на викендот дека истражителите во Ватикан се сомневаат дека кардиналот Бечу сакал со тие пари дефинитивно да ја попречи програмата за транспарентност на Пел која се заканувала да го обелодени наводното корумпирано управување со ватиканските пари на Бечу.

Кардиналот Бечу пред папата Франциско да го постави за водење на одделот за прогласување светци, меѓу 2011 и 2018 како заменик државен секретар на Ватикан имал влијателна улога во дистрибуирањето и инвестирањето на милионите евра донации од католиците.

Скандалот фрли сенка врз објавувањето на клучниот документ на Ватикан со повик за погрижливо општество и отфрлање на злото на војната, додека папата Франциско се труди да го насочи Ватикан кон својата основна порака на мирољубива солидарност со објавувањето на документот „Сите браќа“, во кој бара од светот повторно да го открие чувството на милосрдие додека се бори со пандемијата на ковид-19.

Адвокатот на кардиналот Пел побара меѓународна истрага за тврдењата дека е плаќано мито за да се влијае врз судскиот случај за сексуално малтретирање, додека Бечу негира какво било мешање во судењето, пренесува Гардијан.

Адвокатот на Пел Роберт Рихтер кажа дека австралиските и меѓународните власти треба да спроведат темелна истрага.

Двајцата кардинали се во конфликт поради напорите на Пел да го реформира управувањето со финансиите на Ватикан. Пел, кога во 2014 беше поставен да ги надгледува финансиите на Ватикан, призна дека е откриено дека „стотици милиони евра“ се земени од сметките на Ватикан. Во мај 2016 Бечу ја сопре ревизијата која ја нареди Пел за финансиите на Ватикан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе