Нов напад во Франција: напаѓач во Авињон викајќи „Алаху акбар“ ја нападнал полицијата (ВИДЕО)

Во Франција денес се случи уште еден напад во градот Авињон откако исламист со нож викајќи „Алаху акбар“ ја нападнал полицијата.

EPA-EFE

Мажот нападнал група полицајци кои патролирале по улиците на Авињон. Полицајците отвориле оган и го ликвидирале напаѓачот.

Нападот се случил во 11:15 часот по локално време, пренесува РТ, а според француските медиуми напаѓачот пред да ги нападне полицајците извикал „Алаху акбар“ (Бог е голем).

Нападот се случил два часа по нападот во Ница во кој три лица го загубија животот, а полицијата нападот го води како терористички чин.

Во Авињон, исто како во Ница, е отворена истрага, а на терен се антитерористички единици.

Снимката од нападот во Авињон, која е со исклучително вознемирувачка содржина, може да ја погледнете тука.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе