Нов лек против ХИВ во Африка, специјално прилагоден за деца и четири пати поевтин

Децата во земјите во развој, позитивни на ХИВ, ќе имаат пристап до лек кој е специјално прилагоден за нив и е дури четири пати поевтин, рече Јунајтед во вторникот по повод Светскиот ден на борба против ХИВ/СИДА.

EPA-EFE/NARENDRA SHRESTHA

Се работи за лек што се раствора во устата и има вкус на јагода, а во првата половина на 2021 година најпрво ќе се дистрибуира во шест африкански земји: Бенин, Кенија, Малави, Нигерија, Уганда и Зимбабве, се додава во соопштението на глобалната организација за набавки на лекови за сиромашните и се бори за намалување на цената на лековите потребни во процесот на лекување на СИДА, туберкулоза и маларија.

Цената на новата верзија на лекот Долутегравир (ДТГ), специјално прилагоден за деца, по договорот со производителите на генерички лекови Виатрис и Меклаудс, ќе изнесува 120 долари годишно, наместо сегашните 480 долари, изјави Ерве Верхосел, портпарол на организацијата што работи во партнерство со Светската здравствена организација (СЗО).

Долутегравир (ДТГ) е антиретровирусен лек кој е прв избор за заразените со ХИВ кои живеат во развиените земји.

Поради високата цена, тој е недостапен за луѓето со ХИВ кои живеат во Африка.

„Благодарение на договорот меѓу Јунајтед и фондацијата Клинтон хелт аксес (CHAI), долгоочекуваната анти-ХИВ терапија, дизајнирана специјално за деца, сега ќе биде достапна во земјите со ниски и средни приходи“, рече Јунајтед.

Околу 1,7 милиони деца ширум светот се серопозитивни, но само половина од нив добиваат соодветна терапија. Околу 100.000 деца годишно умираат од ХИВ/СИДА низ светот.

Во моментов, 26 милиони луѓе во светот се опфатени со постапката на лекување против ХИВ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/NARENDRA SHRESTHA

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе