Нов голем проблем за Украина

Дваесет од вкупно 30 земји на НАТО ги исцрпија своите можности за испраќање на оружје во Украина.

Фото: ЕПА

Оваа информација ја пренесува весникот Њујорк тајмс повикувајќи се на изјави на претставници на алијансата.

Весникот пишува дека официјален претставник на НАТО изјавил дека на почетокот на руската специјална операција во Украина, залихите на оружје во многу земји на Алијансата биле на ниво од околу 50 отсто од нивните потреби и дека во производството на ново оружје со кое може да се заменат потрошените залихи е постигнат само незначителен напредок.

„Земјите од НАТО ѝ дадоа на Украина оружје во вкупна вредност од околу 40 милијарди долари, што е приближно еднакво на годишниот буџет за одбрана на Франција“, пишува весникот.

Друг официјален претставник на НАТО рече дека малите земји целосно го исцрпиле својот потенцијал, каде што 20 од 30 земји на Алијансата се „речиси на нула“.

Тој, сепак, рече дека преостанатите 10 земји можат да испратат значително повеќе оружје во Украина, особено големите сојузници како што се Франција, Германија, Италија и Холандија.

Весникот наведува дека, според зборовите на висок функционер на НАТО, минатото лето во Донбас, украинската армија секојдневно од артилериско оружје истрелала околу шест до седум илјади единици муниција. За споредба, како што пишува весникот, САД произведуваат околу 15.000 единици муниција месечно.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе