Нов државен удар во Буркина Фасо, сменет претседателот Дамиба

Ново воено преземање е најавено во западноафриканската држава Буркина Фасо, по денот обележан со пукотници и конфузија во главниот град Уагадугу. Копнените и воздушните граници на земјата беа затворени, а Уставот беше суспендиран.

Фото: ЕПА

Во изјавата за државната телевизија доцна во петокот, воениот функционер на Буркина Фасо најави распуштање на актуелната влада и смена на лидерот на хунтата, претседателот потполковник Пол-Анри Дамиба.

Армискиот капетан Ибрахим Траоре сега ќе ја преземе функцијата претседател на владејачката хунта во земјата, Патриотското движење за заштита и обнова (МПСР), кое првпат ја презеде власта на почетокот на оваа година, рече Фарук Азарија Сорго воениот претставник на Кисвенсид.

Со суспензија на Уставот и владата, ова е второ воено преземање на Буркина Фасо за една година.

Во придружба на повеќе од десетина припадници на војската, Сорго прочита изјава од Траоре во која ги објави промените. Тој, исто така, го обвини Дамиба за „предавство“ на целта на војската да ја врати безбедноста во земјата.

„Народот на Буркина Фасо е соочен со деградација на безбедносната ситуација, неколку пати се обидовме да ја пренасочиме транзицијата кон прашањето на безбедноста“, рече Сорго.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе