Нов дипломатски удар: Русија забрани влез во земјата на неколку функционери на ЕУ

Русија забрани влез на својата територија на уште неколку функционери на Европската Унија, соопшти руската дипломатија, додавајќи дека тоа е одговор на „апсурдната политика на едностраните рестрикции“ на Брисел.

EPA-EFE

Русија, меѓутоа, не откри за колкав број луѓе станува збор ниту ги објави нивните имиња.

„Руската страна одлучи да ја прошири реципрочната листа на претставници од членките на ЕУ и институциите на кои им е забранет влезот во Русија“, објави руското министерство за надворешни работи на својата интернет страница.

Во соопштението се наведува дека Русија ја проширила листата на некои европски приватни воени компании, припадници на безбедносните служби, ЕУ парламентарци и други функционери кои се „лично одговорни за промовирање антируска политика“.

Европската комисија изрази жалење поради овој потег на Москва.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе