Норвешка ќе ја ангажира војската за да ја заштити својата гасна и нафтена инфраструктура

Норвешка ќе ја ангажира војската за заштита на своите нафтени и гасни објекти од можна саботажа, откако беа нападнати двата руски гасоводи кон Европа, кажа норвешкиот премиер. Истекувањето на гасот како резултат на саботажата на двата крака на гасоводот Северен тек предизвика хаос на енергетските пазари и ги зголеми безбедносните стравувања.

EPA-EFE

Норвешка во моментов е најголемиот европски снабдувач со гас и водечки глобален снабдувач со нафта. Има повеќе од 90 гасни и нафтени полиња на море, од кои повеќето се поврзани со мрежа гасоводи кои се протегаат 9.000 километри. „Војската ќе биде повидлива на норвешките гасни и нафтени објекти“, кажа денес премиерот Јонас Гар Сторе на прес-конференција.

На евентуалниот напад „би одговориле заедно со нашите сојузници“, кажа тој. Норвешка е членка на НАТО пактот. На море би била ангажирана морнарицата, а на копно полицијата би можела да го засили своето присуство.

Во понеделникот Норвешката агенција за нафтена безбедност повика на поголема претпазливост поради непознати беспилотни летала кои биле видени во близина на норвешките морски гасни и нафтени платформи, предупредувајќи дека би можеле да претставуваат ризик.

Сторе кажа дека прелетувањето на беспилотните летала „главно се случувало во септември“ и дека биле „со различни големини“ и дека нивната активност била невообичаена. Меѓутоа, истакна дека не биле забележани конкретни закани против норвешките гасни и нафтени објекти на море и не побарале помош од сојузниците.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе