Норвешка сега е најголемиот извозник на природен гас во Европската унија, обезбедувајќи околу четвртина од европскиот увоз по намалувањето на дотокот на руски гас.
„Ова е најсериозната безбедносна ситуација во последниве децении“, рече премиерот Јонас Гар Сторе на прес-конференција.
„Нема индикации дека Русија ја шири својата војна во други земји, но поради зголемените тензии изложени сме на повеќе закани, разузнавачки операции и кампањи за влијание“, рече тој.
Норвешка распореди војска за да ги чува нејзините офшор платформи и објекти на копно по нападот на Северен тек на 26 септември и доби поддршка од британската, француската и германската морнарица.