Њујорк ја отстранува статуата на една од најважните личности во историјата на САД

Градот Њујорк го одобри предлогот за отстранување на статуата на Томас Џеферсон, еден од основачите на Соединетите Држави, од Градското собрание каде што се наоѓа подолго од еден век, поради неговото робовладетелско минатото.

Screenshot

Градскиот совет едногласно го усвои предлогот за отстранување на статуата на Томас Џеферсон, кој исто така е еден од авторите на Декларацијата за независност на Соединетите Држави.

Џеферсон држел повеќе од 600 робови во заробеништво на својата плантажа во Вирџинија, и со една од робинките имал шест деца.

Отстранувањето на статуата од градското собрание веќе неколку години го бараат латиноамериканските и црните градски советници.

Се очекува статуата да биде преместена во салата на Историското друштво на Њујорк.

Третиот американски претседател „Томас Џеферсон ги испишува некои од најсрамните страници во долгата и богата историја на нашата земја“, рече афро-американската советничка на Њујорк, Едриен Адамс.

Дебатата за присуството на оваа статуа во просториите на Градското собрание во Њујорк беше обновена од движењето „Црните животи се важни“, што беше предизвикано од насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Во мај 2020 година во Минеаполис бел полицаец го задуши Флојд со притиснато колено на неговиот врат.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе