Коронавирус

Низ Европа се шири подваријанта на сојот омикрон

На северот на Европа веќе брзо се шири подваријанта на сојот омикрон на коронавирусот, која е утврдена и во Австрија.

Фото: ЕПА

Подваријантата „БА.2“ ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија, а во Данска го потисна основниот сој „БА.1“ и стана доминантна.

Засега не се знае многу за подваријантата на сојот омикрон, рече генетичарот Урлих Елинг за австриската агенција АПА.

Тој наведува дека мутацијата на сојот покажува дека само широко поставен имунолошки одговор може да доведе до ендемија.

Со систематска анализа на отпадните води „БА.2“ е откриен и во Австрија.

„БA.2“ се разликува од основниот омикрон во 18 мутации на шилестиот протеин.

Се претпоставува дека новата подваријанта би можела уште подобро да го „пробие“ имунитетот стекнат со претходна болест или вакцина.

Појавата и ширењето на подваријантата може да доведе до двократен удар, но, вели австрискиот генетичар, оние што веќе се заразиле со омикрон не би требало да се заразуваат со варијантата „БА.2“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе