Подваријантата „БА.2“ ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија, а во Данска го потисна основниот сој „БА.1“ и стана доминантна.
Засега не се знае многу за подваријантата на сојот омикрон, рече генетичарот Урлих Елинг за австриската агенција АПА.
Тој наведува дека мутацијата на сојот покажува дека само широко поставен имунолошки одговор може да доведе до ендемија.
Со систематска анализа на отпадните води „БА.2“ е откриен и во Австрија.
„БA.2“ се разликува од основниот омикрон во 18 мутации на шилестиот протеин.
Се претпоставува дека новата подваријанта би можела уште подобро да го „пробие“ имунитетот стекнат со претходна болест или вакцина.
Појавата и ширењето на подваријантата може да доведе до двократен удар, но, вели австрискиот генетичар, оние што веќе се заразиле со омикрон не би требало да се заразуваат со варијантата „БА.2“.