Ништо од преговорите на САД и Русија за контрола на нуклеарното оружје

Соединетите Американски Држави на Русија сè уште не ѝ понудиле преговори за контрола на вооружувањето, кажа денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

EPA-EFE

„Не ни предложија тие преговори да продолжат“, кажа Лавров денес при посетата на Мјанмар, а пренесува руски ТАСС.

Станува збор за замена за договорот за контрола на вооружувањето Нов СТАРТ, единствениот преостанат таков договор меѓу Вашингтон и Москва. Со него се ограничуваат нуклеарните арсенали на двете држави на 1.550 оперативни нуклеарни глави.

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин во февруари 2021 се договорија да го продолжат Нов СТАРТ. Претходно неделава почна конференцијата на Обединетите нации за Договорот за неширење на атомското оружје (НПТ).

Бајден на конференцијата кажа дека неговата влада е спремна „итно“ да преговара за нова рамка за контрола на вооружувањето за да се замени Нов СТАРТ кога ќе престане да важи во 2026 година.

„Но, преговорите бараат спремен партнер кој дејствува со добра волја“, кажа тогаш Бајден, додавајќи дека руската агресија на Украина претставува напад врз меѓународниот поредок.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе