Израелскиот премиер

Нетанјаху тајно ја посетил Саудиска Арабија, се сретнал со Бин Салман и Помпео

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тајно ја посетил Саудиска Арабија и се сретнал со престолонаследникот Мохамед бин Салман и американскиот државен секретар Мајк Помпео кој се наоѓал во официјална посета на заливската земја, јави израелското јавно радио.

EPA-EFE

Кабинетот на премиерот Нетанјаху и американската амбасада во Ерусалим засега не ја коментираат веста.

Ави Шарф од дневниот весник Хаарец ги објави податоците за следењето на авионот кои покажуваат дека бизнис авион полетал од Тел Авив и слетал во Неом, на саудискиот брег на Црвеното Море, каде Бин Салман и Помпео вчера имале закажано состанок.

Помпео се труди да ја натера Саудиска Арабија да ги следи своите соседи, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, и да воспостави официјални односи со Израел.

Ројтерс наведува дека станува збор за политика на приближување која поприлично е заснована врз заедничките стравувања околу Иран.

Ријад засега не размислува за нормализација на односите со Израел, истакнувајќи дека прво треба да се решат прашањата во врска со позицијата на Палестина.

Но Саудијците им дозволија на израелските воздухопловни компании да ја прелетуваат нивната територија кон новите дестинации во Персискиот Залив и Азија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе