Нетанјаху го обвини Хезболах дека складира ракети среде Бејрут (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини во ОН либанското движење Хезболах дека во центарот на Бејрут чува тајни магацини со оружје кои можат да предизвикаат нова катастрофа во тој град, а лидерот на проирански Хезболах му возврати дека лаже и дека ги хушка Либанците против шиитското движење.

EPA-EFE

Нетанјаху, потсетувајќи на експлозијата која на 4 август го разурна бејрутското пристаниште и околните квартови, покажа на бејрутскиот кварт Џана и кажа дека таму може да се случи втора експлозија.

Во експлозијата во бејрутското пристаниште во август, предизвикана од тони неправилно чуван амониум нитрат, загинаа повеќе од 90 луѓе, а повредени беа 6.000.

Според тврдењата на израелскиот премиер, Хезболах има фабрика за ракети сместена во јужниот бејрутски кварт во близина на компанија која тргува со природен гас.

„Ова се резервоарите за гас. Точно тука“, кажа тој, покажувајќи на мапа. „Тоа е неколку метри од бензинска пумпа. Сместена е меѓу станбени згради“.

Нетанјаху ги повика жителите на Џана да побараат да се отстрани магацинот со оружје.

Еден час по обраќањето на Нетанјахи на Генералното собрание на ОН преку видеоврска, лидерот на Хезболах Хасан Насрала во својот говор пренесуван од телевизија одговори дека „ќе им дозволи на медиумите да влезат во зградата за која зборува Нетанјаху за целиот свет да види дека тој лаже“.

Тој го обвини израелскиот премиер дека се обидува да ги нахушка Либанците против Хезболах. „Ние многу добро знаеме каде ќе одиме со своите ракети“, додаде тој.

Израелската војска, по говорот на Нетанјаху, објави информации за локациите на три погони за производство на наводни ракети за кои соопшти дека му припаѓаат на Хезболах, вклучувајќи ја и локацијата која ја наведе израелскиот премиер.

Израелската војска соопшти дека за погоните повеќе пати ги известила ОН и дека сака од либанската влада бара да интервенира со поддршка од меѓународната заедница.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе