Нестварни глетки: Атина како Алјаска, војската излезе на улиците поради снегот (ФОТО+ВИДЕО)

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се извини денес за неспремноста на државата да се носи со последиците на силната снежна бура која предизвика колапс во Атина во текот на оваа недела.

EPA-EFE

„Би сакал да почнам со лично и искрено извинување до нашите сограѓани кои патеа многу часови, заробени на (обиколницата) Атика одос“, кажа Мицотакис на почетокот на седницата на владата.

Мицотакис порача дека имало грешки и недостатоци кои мораат да се поправат.

„Точно е дека инфраструктурата на една медитеранска земја не е секогаш прилагодена на услови на обилни снежни врнежи“, кажа грчкиот премиер.

Повеќе од 3.500 луѓе се евакуирани од главната обиколница околу Атина, откако силната снежна бура ја зафати речиси цела Грција, покривајќи ја престолнината со снежна прекривка и предизвикувајќи хаос во сообраќајот.

Војската и припадници на градските служби ги отстранија денес стотиците возила кои три дена беа заглавени во снегот долж главната обиколница која ја поврзува Атина со меѓународниот аеродром.

Грчките власти вчерашниот ден го прогласија за државен празник, затворајќи ги државните канцеларии и приватните компании освен супермаркетите, аптеките и бензинските пумпи во поширокиот регион на Атина и некои острови.

Училиштата ќе останат затворени до петок бидејќи снегот и понатаму го блокира пристапот до објектите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе