Нешнал интерест: Трите главни опасности кои ги крие американската политика кон Русија и Кина

Американскиот весник Нешнал интерест го повика раководството на Соединетите Американски Држави да ја преиспита својата политика кон Русија и Кина.

EPA-EFE

Порталот наведува дека продолжување на досегашниот курс би можело да доведе до негативни последици, и додава дека во овој момент постојат три главни ризици поврзани со американската, односно западната политика кон Русија.

„Можноста од опасен и директен судир во регионите каде американските и руските сили се сретнуваат лице во лице, како што е Сирија или отвореното море;

Порастот на бројот на Русите кои наводно сметаат дека заострувањето е единствениот пат на развојот на односите со САД и Западот;

Можноста од формирање сојуз на Русија и Кина“.

Во написот се наведува дека во светот расте опасноста од нуклеарна конфронтација додека Вашингтон се обидува да ја одржи својата хегемонија, потценувајќи ги последиците на надворешнополитичките решенија.

Авторот на написот смета дека САД во конфликтот со „непотребните противници“, Русија и Кина, се потпираат на „несигурни сојузници“, конкретно на НАТО.

Исто така истакнува дека Кремљ постапувал внимателно сè додека ширењето на НАТО не почна да влијае на поранешните советски републики.

„Па дури, за да се овозможи ширењето на НАТО, Летонија и Естонија им ги укинаа граѓанските права на своите жители од руско потекло“, се тврди во написот.

„Мора да се признае дека меѓународните односи ретко се црно-бели. Сојузите секогаш треба да бидат средство на американската политика, но не и цел. Ни се допаѓало тоа нам или не, историјата секогаш се повторува. Оние кои се спротивставуваат на тоа, ризикуваат да се најдат на погрешната страна“, заклучува Нешнал интерест.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе