Нема веќе или машко или женско: во Германија создадена категорија „трет пол“

Германија стана првата европска земја што им овозможува на родителите на бебињата родени без јасно дефинирани полови карактеристики да го остават празно полето „машко / женско“ на изводите, создавајќи категорија „трет пол“ во јавниот регистар.

Законот, усвоен во август, стапува во сила денеска. Тој беше поттикнат од резултатите од една студија од 2012 на Германскиот етички совет, според која правата на интерсексуалните луѓе не се доволно добро заштитени.

Целта на овој потег е отстранување на притисокот врз родителите да донесуваат брзи одлуки за полот на новороденчињата, зашто дури едно од 2.000 бебиња има карактеристики на двата пола.

 

„Модринки и лузни

Тие се познати како „интерсексуални“ луѓе зашто имаат мешавина од машки и женски хромозоми, па дури и гениталии што имаат карактеристики на двата пола.

Нивните родители треба брзо да донесат одлука со кој пол ќе го запишат детето во регистарот, што најчесто е тешко, пренесува Би-би-си.

Понекогаш се врши операција за на бебето јасно да му се одредат физичките карактеристики. Во еден од тие случаи, едно лице без јасни родово- дефинирани гениталии било подложено на хируршка интервенција. Многу години подоцна лицето рекло: „Не сум ни маж ни жена. Ќе останам крпеница создадена од лекари, со модринки и со лузни“.

Германските пасоши, на кои во моментов полот на сопственикот е наведен како М за машки или Ф за женски пол, ќе добијат и трета ознака, Х, за интерсексуалните сопственици, вели Министерството за внатрешни работи.

Останува нејасно како оваа промена ќе влијае врз законите за брак и партнерство во Германија.

Сегашните закони го дефинираат бракот како заедница меѓу маж и жена, и граѓанските партнерства се резервирани за истополовите двојки.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе