Претседателот Џо Бајден „јавно го изрази своето противење" на присуството на Путин, додека САД ги „поздравуваат Украинците кои ќе присуствуваат“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
Таа посочи дека поканата до Русија да присуствува на самитот на островот Бали дошла пред инвазијата на Путин врз Украина.
Одделно, портпаролката на американскиот Стејт департмент Џалина Портер рече дека не може да биде „бизнис како и обично" со Русија на меѓународната сцена.
Таа не кажа дали САД ќе присуствуваат на самитот.
За разлика од Украина, Русија е членка на Г20, група која ја сочинуваат најголемите светски економии.