Навални: Пилотите брзо слетаа, лекарите ми инјектираа атропин, веднаш препознаа труење

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се опоравува од последиците од труење во Германија, им се заблагодари на руските пилоти и лекарите за брзата реакција кога падна во кома по летот од Сибир.

Фото: Инстаграм

Навални, на кого на 20 август во авион за Москва му се слоши, по што речиси три недели беше во кома, на Инстаграм напиша дека пилотите „брзо слетале во Омск“ и лекарите на аеродромот „му инјектирале доза атропин“, моментално препознавајќи „труење со отровна супстанција“.

„Колку што разбрав, планот на убијците беше едноставен: ќе се почувствувам лошо 20 минути по полетувањето, по уште 15 минути ќе се изгубам. Медицинската помош ќе биде загарантирано недостапна, и по еден час ќе го продолжам патувањето во црна пластична кеса на последниот ред на седишта, застрашувајќи ги патниците кои одат во тоалет“, напиша Навални на Инстаграм покрај сликата на која ја прегрнува својата сопруга Јулија.

„Сè одеше така, но започна низа среќи во несреќа и јасни дела на непознати љубезни луѓе“, додаде тој.

„Прво, пилотите брзо го спуштија авионот во Омск. Второ, медицинските службеници на аеродромот и брзата помош што дојде не кажаа никакви лаги за дијабетес и слично. Туку веднаш јасно рекоа: „ова е токсично труење“ и ми дадоа доза атропин. Тоа е, пилотите и првите лекари едноставно ми дадоа дополнителни 15-20 часа живот. Сè што следеше беше многу драматично и заслужува посебна приказна, но дефинитивно нема да има што да се раскаже да не беа овие момци“, напиша Навални.

„Ви благодарам, непознати пријатели со добро срце. Вие сте добри луѓе“, напиша 44-годишниот политичар.

View this post on Instagram

Наверное, нечасто такое бывает, что есть у вас в жизни ужасно важные люди, а вы даже имён их не знаете. У меня как раз такой случай. После всего случившегося я испытываю такую огромную благодарность такому большому количеству людей, что вы ещё устанете читать посты на эту тему. Но начать я хочу с нескольких человек, которые - так вышло - сыграли ключевую роль в моей судьбе, а я даже и не знаю, как обратиться к ним иначе, чем «неизвестные добрые друзья». Насколько я понимаю (версия, утверждать ничего не могу), план убийц был прост: мне станет плохо через 20 мин после взлёта, ещё через 15 мин я вырублюсь. Медицинская помощь будет гарантированно недоступна, и ещё через час я продолжу своё путешествие в чёрном пластиковом пакете на последнем ряду кресел, наводя ужас на пассажиров, идущих в туалет. Все так и шло, но началась цепь счастливых случайностей и четких действий неизвестных добрых людей. Во-первых, пилоты быстро посадили самолёт в Омске, несмотря на объявленное «минирование» аэропорта. Во-вторых, пришедшие сотрудники медслужбы аэропорта и приехавший за ними реанимобиль не говорили никакого вранья про диабет и тд, а сразу четко сказали: «это токсическое отравление», - и зафигачили мне дозу атропина. То есть пилоты и первые медики просто подарили мне дополнительные 15-20 часов жизни. Все последующее было очень драматично и заслуживает отдельного расссказа, но рассказывать точно было бы нечего, если бы не эти ребята. Спасибо вам, неизвестные добрые друзья. Вы хорошие люди.

A post shared by Алексей Навальный (@navalny) on

Откако помина 48 часа во болница во Омск, каде докторите рекоа дека не откриле траги од труење во неговото тело, Навални беше префрлен во берлинската болница Шарите.

Германски експерти за хемиско оружје објавија дека утврдиле дека Навални е отруен со нервниот агенс новичок, развиен во советско време и дека тој наод го потврдиле од лабораториите во Франција и Шведска.

Навални, најголемиот противник на претседателот на Русија Владимир Путин беше пуштен од болница оваа недела.

Неговиот тим за труењето го обвинува Кремљ, чии претставници ги отфрлаат обвинувањата.

Западните влади бараат од Русија да започне истрага за труењето на Навални, на што Москва се спротивставува, тврдејќи дека во телото на Навални немало траги од отровни материи.

Москва бара Германија, Франција и Шведска да ги споделат своите наоди.

Навални остана во Германија заради рехабилитација, што може да потрае со недели, а неговите соработници велат дека тој планира да се врати во Русија во одреден момент.

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе