Навални: Не жалам ни секунда што се вратив во Русија. Не плашете се

Една година по апсењето, рускиот дисидент Алексеј Навални во понеделникот потврди дека „не жали ни секунда" што се врати во Русија и им порача на своите сонародници „да не се плашат". „Го направив тоа и не жалам ниту една секунда", напиша Навални на социјалните мрежи, алудирајќи на својата борба против Кремљ и неговото враќање во земјата и покрај можноста за апсење по закрепнувањето во Германија од труењето.

Фото: ЕПА

„По една година помината во затвор, ви го препорачувам истото што тогаш им го кажав на приврзаниците на суд: не плашете се“, додаде Навални во објавата со фотографија со сопругата Јулија.

На 17 јануари 2021 година, руската полиција го уапси Навални на московскиот аеродром Шереметјево, набргу откако слета со авион од Германија каде што помина повеќемесечно лекување по труењето со нервен отров, за што ги обвини руските власти. Навални денеска се појави на суд поради разгледување на две тужби против затворската управа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе