Навални ги обвини Епл и Гугл дека се „соучесници“ на Путин

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални ги обвини американските технолошки компании Епл и Гугл дека се „соучесници" на Кремљ, откако компаниите ја отстранија неговата апликација „Паметно гласање" за време на парламентарните избори во земјата минатата недела.

Фото: ЕПА

„Ако нешто ме изненади за време на изборите, не беше како Путин ги фалсификуваше резултатите, туку колку послушно семоќните големи технолошки компании станаа негови соучесници“, напиша Навални во порака на Твитер.

„Едно е кога монополистите на интернет се управувани од фини гикови кои ја сакаат слободата, со солидни принципи за животот. Но, сосема друго кога тие луѓе истовремено се кукавици и алчни“, додаде тој.

Навални напиша дека на големите екрани ни велат дека сакаат да го „направат светот подобро место“, но внатре има само „лажговци и лицемери“, експлицитно посочувајќи ги Гугл, Епл и Инстаграм.

Под притисок на Москва, Гугл и Епл минатиот петок прифатија од своите онлајн продавници во Русија да ја повлечат апликацијата за изборите на тимот на Алексеј Навални.

Апликацијата овозможува да се добијат упатства за кого и како да се гласа за најдобро да се победат кандидатите на Кремљ на парламентарните избори, одржани од 17 до 19 септември.

Гугл блокираше и две видеа на Јутјуб, чиј сопственик е таа технолошка компанија, каде што поддржувачите на руската опозиција ги објаснуваа тие упатствата.

Системот за пораки Телеграм, многу популарен во Русија, исто така, ги повлече упатствата на 18 септември на барање на руското регулаторно тело за телекомуникации.

Според изворите контактирани од страна на агенцијата Франс прес, властите се заканиле дека ќе ги уапсат вработените во тие технолошки компании во Русија.

Руската опозиција посочи на масовни малверзации на изборите, на кои владејачката партија освои двотретинско мнозинство во парламентот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе