Научници го пронајдоа и уништија првото гнездо на огромните стршлени убијци во САД (ФОТО+ВИДЕО)

Американски научници успешно го уништија првото гнездо на гигантските азиски стршлени откриени во американската држава Вашингтон благодарение на уредот за следење поставен на некои примероци и го извлекле од дрвото со помош на вакуумско црево.

Фото: Твитер

Станува збор за опасен инвазивен вид инсекти, најголемиот вид стршлени во светот, со дијаметар на крила од 7.6 см, пишува Би-би-си.

Само неколку од овие опасни инсекти можат да уништат кошница на пчели за неколку часа и да убијат стотици пчели пред да го заземат нивното живеалиште.

Телото им е долго 5 см, а освен што ги уништуваат пчелите медарки, тие се опасни и за луѓето, кои ги напаѓаат во одбрана. Повеќекратни убоди може да бидат фатални дури и за луѓе кои не се алергични.

Нивниот отровен убод може да продре и преку заштитната облека, но на глобално ниво бројот на луѓе што ги убиваат секоја година е релативно низок. Според податоците на вашингтонскиот музеј Смитсонијан, секоја година во Азија убиваат меѓу 30 и 50 лица. Нивното природно живеалиште е во областа на Азија, од Кина до Јапонија.

Стршлените убијци за прв пат биле забележани во Канада во август 2019 година, а неколку месеци подоцна, во декември 2019 година, овие инсекти се појавија и во американската држава Вашингтон.

Ентомолозите, научници кои проучуваат инсекти, пронашле гнездо со околу 200 опасни инсекти во градот Блејн во близина на границата со Канада.

Во саботата, тим ентомолози во заштитни одела, со помош на специјален апарат, успеале да го извадат гнездото на инсектите од дрвото, кое потоа било исечено за да спречи создавање нови гнезда.

Активистите за животна средина и научниците веќе долго време се екстремно загрижени за падот на бројот на инсекти во светот. Но, во овој случај станува збор за исклучително инвазивен и опасен вид што може да има негативно влијание врз животната средина, економијата и јавното здравје, предупредуваат експертите.

Познато е дека на пчелите медарки им се заканува истребување поради губење храна поради уништување на нивното природно живеалиште, прекумерна употреба на пестициди и разни болести.

Дополнителна опасност за нив претставува гигнтскиот азиски стршлен, кој кога ќе влезе во нивната колонија со острите вилици им ги откинува главите на пчелите, а со нивните тела ги храни своите потомци и успева да уништи цела колонија за неколку часа.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе