Научници од Хонг Конг ја објавија првата фотографија од сојот омикрон

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од сојот омикрон на коронавирусот, добиена со помош на електронски микроскоп.

Фото: ЕПА

Научниците од Медицинскиот факултет, вклучително и експерти од областа на патологијата и вирусологијата, успеале да направат микрографија на клетка (Веро Е6) на бубрег на мајмун инфициран со сојот омикрон, се вели во соопштението на научниците.

Како што прецизираат, на фотографијата со мало зголемување се гледа оштетување на клетките со отечени везикули, кои содржат мали црни вирусни честички.

На микрофотографијата со поголемо зголемување се гледаат агрегати на вирусните честички со шилците на коронавирусот на површината.

Претходно беше објавено дека научниците од Катедрата за микробиологија на овој Универзитет успеале да го изолираат сојот омикрон од клинички примероци, што ќе овозможи развој на вакцина против овој нов сој.

Светската здравствена организација соопшти дека новиот сој на коронавирусот Б.1.1.529 (омикрон) „предизвикува загриженост“.

Според досегашните заклучоци на експертите, новиот сој може да зарази и луѓе што веќе биле заразени со коронавирусот, како и вакцинирани, додека симптомите варираат - од замор до главоболки и болки во телото, но дека генерално нема тешка клиничка слика, а дури 70 отсто од пациентите со омикрон немаат проблеми со дишењето.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе