НАТО во база кај Мадрид собира податоци за падот на дронот во Загреб

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во среда би требало да отпатува во Мадрид на редовна билатерална средба со шпанскиот премиер Педро Санчез, но засега не планира да ја посети базата во Шпанија на НАТО каде што се собираат за беспилотното летало кое во четвртокот вечерта падна во Загреб.

EPA-EFE

Шпанската воена база во местото Торехон де Ардоз, оддалечена 20 километри североисточно од Мадрид, ја користи НАТО за контролирање на небото на своите јужни членки вклучувајќи ја Хрватска. Тамошниот Центар за здружени воздушни операции од 2014 година има задача „визуелно да ги идентификува непознатите летала“, но во четвртокот вечерта ниту јавил ниту реагирал на влегувањето на беспилотното летало во хрватскиот воздушен простор.

„Не би го коментирал тоа“, кажа извор од воената база во Торехон. „Во моментов сите собираат податоци за да може сè да се анализира“.

Станува збор за беспилотно летало од советско производство ТУ-141 кое од Украина преку воздушните простори на Романија и Унгарија стигнало до главниот град на Хрватска каде што се урна.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера кажа дека заедничката команда на НАТО во Шпанија би требала да ги има сите податоци во најкраток можен рок и да реагира. „А не се случи ништо“, истакна тој.

Од НАТО базата во Торехон, каде што се вработени околу 190 луѓе од 17 земји, вклучувајќи ја и Хрватска, до синоќа никој не се огласил за инцидентот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе