НАТО: Русија ќе плати ако ја нападне Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја предупреди Русија за „последиците“ и „цената што ќе ја плати ако употреби сила против Украина со силите спремни за борба упатени на границите на таа земја.  

Фото: ЕПА

„Многу нѐ загрижува тоа што се случува. Русија вторпат оваа година концентрираше тешка опрема, тенкови и постројки спремни за борба на границите на Украина. Реториката ѝ е агресивна и нејзините намери не се јасни“, изјави Норвежанецот Столтенберг на конференцијата за новинарите во седиштето на Алијансата.

„Русија во минатото ја нападна Украина припојувајќи го Крим и ги поддржува сепаратистите во Донбас. Мора да биде јасно дека ако Русија употреби сила против Украина, ќе има последици и ќе плати за тоа. И затоа и понатаму ја повикуваме Русија да ја избегне ескалацијата“, предупреди тој.

„Ситуацијата во Украина ќе биде една од главните теми на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига во Латвија, во вторник и среда“, нагласи тој.

Јенс Столтенберг не прецизираше што ќе преземе НАТО ако Русија воено интервенира во Украина и не сакаше да ги подели разузнавачките податоци со кои располага.

„Ситуацијата ја доживуваме мошне сериозно и на Москва ѝ се пратени пораки“, рече еден дипломат на НАТО, пренесува агенцијата Франс прес.

Украина е партнер на НАТО, но не е негова земја-членка и не може да се повикува на членот 5 од Северноатлантскиот договор, прецизираше дипломатскиот извор.

НАТО не интервенираше за време на анексијата на Крим ниту за време на руската воена интервенција во Грузија во 2006 година.

Што пропишува Членот 5?

Членот 5 пропишува дека оружен напад на една или повеќе членки на НАТО во Европа или во Северна Америка се смета за напад на сите членки на Алијансата.

НАТО ѝ помага на Украина во јакнењето на воените капацитети, обуката на војниците и во обезбедувањето на системот на вооружување, рече Столтенберг.

Тој потсети дека ѝ понудил на Москва продолжување на дијалогот на состанокот на Советот на НАТО-Русија за да се смири напнатоста и да се избегне каков било инцидент по засилувањето на руската воена присутност на границата со Украина.

„Но Русија не ја прифати оваа понуда“, со жалење истакна тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе