„Овој систем може да претставува ризик за сојузничките авиони и може да влијае на односите меѓу членките на НАТО“, рече денес портпаролката на Алијансата во изјава за ДПА.
„Ова е одлука на Турција, но С-400 не може да се интегрира во системот за воздушна и ракетна одбрана на НАТО. Важно е Турција да продолжи да работи со другите сојузници за изнаоѓање алтернативни решенија.“
Турските медиуми претходно објавија дека владата во Анкара во петокот тестирала ракети земја-воздух недалеку од црноморскиот град Синоп.
„Ако се потврди турското тестирање на системот С-400, тоа ќе биде за жалење“, рече портпаролката на НАТО.
Слични коментари на оваа тема веќе изјавија во Вашингтон. САД веќе го исклучи својот партнер Турција од програмата на борбени авиони Ф-35 поради купување на рускиот ракетен систем и се закануваа со санкции.
Од друга страна, Турција тврди дека ѝ е потребен сопствен систем за противвоздушна одбрана поради заканите од соседна Сирија, но и од самата Турција.
Анкара вели дека не добила разумна алтернативна понуда од партнерите во НАТО.